| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.12.2017

Блажевски и Вардар ја продолжија соработката

Дејан Блажевски доби продолжување на договорот со актуелниот шампион

Еден од најдобрите напаѓачи на шампионот Вардар, Дејан Блажевски и во иднина ќе биде дел од клубот, затоа што денеска тој потпиша нов договор. Стариот му истекуваше оваа зима, а Вардар одлучи да го задржи минимум до крајот на постоечката сезона.
„Вардар ми понуди нов договор, и прифатив да останам. Вардар е мој клуб, тука ја почнав мојата кариера, и среќен сум што останувам во мојот тим. Договорот е до крајот на сезоната, и посакувам уште многу настапи и уште многу голови во дресот на Вардар, и сигурно се надевам на уште една шампионска титула и на освојување на Купот на Македонија“, изјави Блажевски.



Датум: 21.12.2017, 14:18
Статијата е прочитана 466 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense