| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

31.01.2017

ПСЖ ја промовираше Андонова (ФОТО)

Нашата најдобра фудбалерка, Наташа Андонова до крајот на оваа сезона ќе го носи дресот на францускиот тим, кој пролетва ќе се бори за титула во ЛШ.

Најавите на „Македонски спорт“ се остварија. Нашата најдобра фудбалерка, Наташа Андонова и официјално го засили ПСЖ со кого потпиша договор на 3,5 години.
„Да се биде во ПСЖ е најголемиот предизвик во мојата кариера. Се надевам дека ќе му помогнам на клубот во остварување на целите“, најави Андонова на промоцијата.
Андонова во ПСЖ замина од шведскиот тим Розенгард а претходни настапуваше и во екипата на Турбине од Германија. Во Македонија ги бранеше боите на Тиквеш од родното Кавадарци.
ПСЖ во 1/4 финалето од Лигата на шампионките игра против Баерн Минхен. 



Датум: 31.01.2017, 19:16
Статијата е прочитана 2972 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense