| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.05.2017

Вардар (Н) третолигаш, последното коло решава кој ќе му се придружи

Металург, Тиквеш и Тетекс, една од овие три екипи исто така ќе испадне а една ќе игра бараж за опстанок

Кобен беше поразот на Вардар (Н) попладнево во Турново од Хоризонт Т со 0:1. Тој пораз значи дека неготинци и дефинитивно се третолигаши и дека без разлика на евентуален триумф во сабота во последното коло против Еуромилк, тие во наредната сезона ќе играат во понизок ранг, едноставно ги загубија сите шанси. Имено и ако Тетекс и Тиквеш загубат во последното коло, а Вардар победи, тогаш сите три екипи ќе имаат по 25 бодови, тогаш се прави меѓусебна табела на сите нивни резултати, а тие пак велат дека неготинци имаат само 6 бодови, Тиквеш 10 а Тетекс 8 бодови.
Во случај само Тиквеш и Тетекс да имаат ист број бодови тогаш кавадарчани ќе се спасат, зошто имаат подобар скор од „штофарите“. Инаку може лесно да се случи една од овие две екипи да се спаси а другата да игра бараж а Металург пак да испадне директно, имено во сабота на „Железарница“ играат меѓусебе Металург и Тетекс.
Има многу комбинации, но само едно се знае, дека Вардар (Н) и дефинитивно испадна од Втората лига.

ТАБЕЛА
7. МЕТАЛУРГ 26
8. ТИКВЕШ 25
9. ТЕТЕКС 25
10. ВАРДАР (Н) 22
ДВОЈКИ ЗА ПОСЛЕДНО КОЛО
МЕТАЛУРГ – ТЕТЕКС
ТИКВЕШ – ХОРИЗОНТ Т
ВАРДАР (Н) – ЕУРОМИЛК

МЕЃУСЕБНА ТАБЕЛА
1.ТИКВЕШ 10 БОД
2. ТЕТЕКС 8
3. ВАРДАР (Н) 6

КОЈ Е ПОДОБАР ВО МЕЃУСЕБНИОТ СКОР
МЕТАЛУРГ – ТИКВЕШ (МЕТАЛУРГ)
МЕТАЛУРГ – ТЕТЕКС (МЕТАЛУРГ)
ТИКВЕШ – ТЕТЕКС (ТИКВЕШ)
ТИКВЕШ – ВАРДАР (ВАРДАР)
ТЕТЕКС – ВАРДАР (ТЕТЕКС)


 



Датум: 20.05.2017, 19:53
Статијата е прочитана 3469 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense