| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.06.2017

Новак од Вардар потпишува за Зорја?

Според украинските медиуми, само детали го делат стоперот од потпис со екипата која ќе се натпреварува во Лигата на Европа

Евгениј Новак би можел да се врати во Украина, после две години минати во Вардар Скопје. Според украинските медиуми, стоперот на шампионот во следните неколку часа би требало да биде промовиран за нов играч на Зорја Луганск. Зорја е тим кој што ќе учествува во Лигата на Европа престојното лето, и посакува да се засили за настапите.

Новак, пак, има договор со Вардар до идното лето, и наводно во моментов се водат преговори за негов „кам-бек“ во родната земја. Новак настапуваше во помладите категории на Динамо Киев, а летото 2015 година потпиша договор со Вардар.

 



Датум: 14.06.2017, 11:55
Статијата е прочитана 2384 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense