| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.06.2017

Гачевски верен на Вардар до 2020 година

„Посакувам да играм во групната фаза од Лигата на шампионите“, вели Гачевски после новата соработка со шампионот

Филип Гачевски останува во Вардар и во следните три години, откако денеска голманот го продолжи договорот со шампионот до 2020 година.
Гачевски во „црвено-црните“ дојде летото 2015 година, а оваа сезона му беше одлична, и беше еден од заслужните за освоената титула.
„Кога Вардар ми понуди да бидам дел од овој клуб и во следните три години, воопшто не се мислев. Ги прифатив условите кои што беа одлични за мене. Благодарност до сопственикот на клубот г-нот Сергеј Самсоненко, до целокупното раководство, стручниот штаб и соиграчите за новата соработка. Останувам во клубот во кој што имам можност да напредувам, во секоја сезона да се борам за титулата, и да играм во квалификациите во Лигата на шампионите, каде што играат најдобрите. Во Вардар се работи максимално професионално и тоа е она што ме радува. Од година во година клубот се повеќе се развива. Среќен сум што сум дел од Вардар и што ќе останам и во следниот период. Мојот сон е да направиме успех во Европа, во Лигата на шампионите, и да се радуваме сите. Мислам дека после изминатите две сезони во Лигата на шампионите против АПОЕЛ и против Динамо Загреб, време е ова лето да покажеме кој е Вардар и колку вредиме. Во првенството амбициите се добро познати, тоа се двојна круна“, вели Гачевски после продолжување на договорот.



Датум: 03.06.2017, 13:14
Статијата е прочитана 1259 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense