| контакт | маркетинг

11.06.2017

Хамилтон „царуваше“ во Канада

Луис Хамилтон по шести пат беше на највисокото место на подиумот во Канада, за да врати сила во својот „лов“ на четврта светска титула, намалувајќи ја разликата во генерален пласман на ривалот од Ферари, Себастијан Фетел на 12 поени

Хамилтон беше за 18 секунди пред колегата Валтери Ботас, додека подиумот го комплетираше Даниел Рикијардо во Ред Бул, а Себастијан Фетел со последни сили стигна до четвртото место по судирот со Макс Ферстапен на стартот.
Лидерот во генерален пласман, Фетел сочува дел од предноста во генерален пласман со четвртото место изборено во последните кругови од трката во директен дуел со најголемото изненадување на трката, двоецот на Форс Индија, Серхио Перез и Естебан Окон. Кими Раиконен беше седми во лоша трка за Ферари, додека поеји освоија и Нико Хулкенберг во Рено, домашниот миленик на Вилијамс, Ленс Строл и Роман Грожан во Хас.
Фернандо Алонсо, во своето враќање во Ф1 по настапот на Индијанаполис 500, беше во позиција да го донесе првиот поен за Мекларен на 10. место, но неверојатно неговиот мотор откажа во претпоследниот круг.

РЕЗУЛТАТИ (КАНАДСКО ГП)
1.Луис Хамилтон (Мерцедес) 1:33:05.153 
2.Валтери Ботас (Мерцедес)  +19.783
3.Даниел Рикијардо (Ред Бул)  +35.297
4.Себастијан Фетел (Ферари)  +35.907
5.Серхио Перез (Форс Индија)  +40.476
6.Естебан Окон (Форс Индија)  +40.716
7.Кими Раиконен (Ферари)  +58.632
8.Нико Хулкенберг (Рено)  +1:00.374
9.Ленс Строл (Вилијамс)  +1 круг
10.Роман Грожан (Хас)  +1 круг
11.Џолион Палмер (Рено)  +1 круг
12.Кевин Магнусен (Хас)  +1 круг
13.Маркус Ериксон (Заубер)  +1 круг
14.Штофел Фандорне (Мекларен)  +1 круг
15.Паскал Верлајн (Заубер)  +2 круга
НЕ ЗАВРШИЈА
16.Фернандо Алонсо (Мекларен) +4 круга
17.Данил Квјат (Торо Росо) +16 круга
18.Макс Ферстпен (Ред Бул) +60 круга
19.Фелипе Маса (Вилијамс) +70 круга
20.Карлос Саинц (Торо Росо) +70 круга

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
ВОЗАЧИ
1.Себастијан Фетел (Ферари)  141
2.Луис Хамилтон (Мерцедес)  129
3.Валтери Ботас (Мерцедес)  93
4.Кими Раиконен (Ферари)  73
5.Даниел Рикијардо (Ред Бул)  67
6.Макс Ферстпен (Ред Бул)  45
7.Серхио Перез (Форс Индија)  44
8.Естебан Окон (Фор Индија)  27
9.Карлос Саинц (Торо Росо)  25
10.Фелипе Маса (Вилијамс)  20
11.Нико Хулкенберг (Рено)  18
12.Роман Грожан (Хас)  10
13.Кевин Магнусен (Хас)  5
14.Паскал Верлајн (Заубер)  4
15.Данил Квјат (Торо Росо)  4
16.Ленс Строл (Вилијамс)  2
КОНСТРУКТОРИ
1.Мерцедес АМГ  222
2.Скудерија Ферари  214
3.Ред Бул Рејсинг ТАГ Хојер  112
4.Форс Индија Мерцедес  71
5.Скудерија Торо Росо Рено  29
6.Вилијамс Мерцедес  22
7.Рено Ф1  18
8.Хас Ферари  15
9.Заубер Ферари  4
10.Мекларен Хонда  0



Датум: 11.06.2017, 22:07
Статијата е прочитана 847 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense