| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.06.2017

Селтик во групата за меч со Вардар

Шкотскиот првак заедно со Легија, Марибор, Малме, Розенборг и Хафнафјордур се можните ривали за нашиот првак второто квалификациско коло од Лигата на шампионите

Тешко ќе му биде на Вардар ако за ривал го добие Селтик од Шкотска. Тоа е најатрактивниот ривал кој може да го добијат „црвено-црните“ во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Вардар би требало да биде среќен ако за противник го добие Хафнафјордур од Исланд кој е најнеатрактивен од шесте можни ривали.
УЕФА утрово ги подели екипите во три групи од кои Вардар е аутсајдер во третата група. Покрај Селтик и Хафнафјордур на Вардар може да налетаат Марибор од Словенија, Малме од Шведска и Розенборг од Норвешка, Легија од Полска.
Ждрепката од квалификациите за Лигата на шампионите почнува во 12 часот во Нион.



Датум: 19.06.2017, 10:05
Статијата е прочитана 1296 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense