| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.04.2017

Фуркан Али се враќа дома



Натпреварот против Скопје ќе биде особено интересен за Фуркан Али, фудбалерот кој зимава дојде во редовите на Влазрими токму од Скопје, каде што играше неколку сезони. Веднаш по доаѓањето во кичевскиот второлигаш

Али се наметна како еден од најзабележителните поединци во тимот, а тоа се покажа и во претходното коло. Тогаш, токму на стадионот во Железарница, но против Металург, Али го постигна првиот гол за својата екипа со што го анулира почетното водство на домашните и го најави пресвртот на Влазрими за конечна победа. Сепак, тоа за Али беше меч против традиционален спортски противник, за разлика од сега кога ќе треба да игра против „своите“
„Во екипата на Скопје сите ми се другари, а и со управата стојам добро, одлично ме познаваат и мислам дека нема да имам никакви проблеми. Сепак, сега играм за друга екипа со која влеговме во добар ритам, победивме на два натпревара по ред и сакаме таа серија да продолжи. Сосема ми е јасно дека овој натпревар на Автокоманда ќе биде многу тежок, знам како се игра таму, но и ние имаме добра екипа. Како и секогаш кога играм на овој стадион ќе бидам максимално мотивиран иако овој пат ќе играм во друг дрес“ – вели Али за дуелот со својата довчерашни екипа. Од другата страна, пак, во таборот на Скопје секогаш се подготвени за дерби средби, особено на домашен терен.
„По поразот во Неготино и нам не ни е најпријатно што се вели. Затоа викендов мора да се освојат три бода. Не е битно со кого играме, втората лига не е конкуренција во која квалитетот на екипите драстично се разликува една од друга. Затоа не е толку важно дали играме против Велазерими или против некој друг, ние на домашен терен одиме на победа“ - вели Марио Настевски.
„ЛИСИЦИТЕ“ СО НОВ ТРЕНЕР
Натпреварот против Тиквеш ќе биде деби за новиот шеф на стручниот штаб на Еуромилк, Зоран Арсов. Тој дојде на чело на тимот од Горно Лисиче откако екипата имаше два неуспеха во серија, пораз од Влазрими на гости и нерешено без голови дома со Тетекс, со што Еуромилк падна на четвртата позиција на табелата, односно надвор од местата кои носат влез во Првата лига.
Лисичани немаат друг избор сега, освен онака „преполовени“ од повреди и со нов тренер да соберат сили и да обезбедат нови три бода.

2.МФЛ, 19. КОЛО
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ - МЕТАЛУРГ
СКОПЈЕ - ВЕЛАЗЕРИМИ
НОВАЦИ - ВАРДАР
ЕУРОМИЛК - ТИКВЕШ
ХОРИЗОНТ - ТЕТЕКС

Табела: 1.А.Пандев 43, 2.Скопје 33, 3.Новаци 31, 4.Еуромилк 30, 5.Хоризонт Т. 25, 6.Металург 23, 7.Влазерими 21, 8.Вардар (Н) 17, 9.Тиквеш 16, 10.Тетекс 14

 

 

 



Датум: 01.04.2017, 12:14
Статијата е прочитана 1776 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense