| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

29.09.2017

Фелипе: Жал ми е што голот не донесе добар резултат

Бравурата на бразилецот донесе сатисфакција но не и бодови за Вардар

Првиот стрелец на еден гол за македонскиот тим во групната фаза од Лигата на Европа, бразилецот Фелипе по вчерашниот меч со Роземборг вели дека е среќен поради постигнатиот погодок, но во исто време тажен што голот не донесе поволен резултат за Вардар
„Вчера одигравме добар натпревар против Розенборг. И покрај желбата за добар резултат, не успеавме. Игравме добро, бевме рамноправен противник, имавме и неколку шанси кои што не ги искористивме. Сега ни останува да мислиме за следните мечеви. Не чекаат уште четири тешки натпревари, но мораме да размислуваме позитивно и да почнеме да освојуваме бодови“, вели Фелипе и додава.
„Драго ми е за убавиот гол. На секој играч му е драго кога ќе постигне погодок, особено на вакви натпревари. Мене ми е мило поради тоа што за мојот гол го споредуваат со големи светски играчи како што е Марадона. Но, од друга страна несреќен сум што тој убав гол не донесе поволен резултат од ова гостување. Несреќен сум за поразот на тимот и се надевам дека ќе се подобриме резултатски на следните натпревари. Се согласувам со нашиот шеф на стручниот штаб Јаневски дека и неискуството е еден од факторите за поразот. Сепак, со овие натпревари го стекнуваме и тоа искуство, и се надеваме дека во идните мечеви ќе дојдат и бодовите и добрите резултати“, изјави бразилскиот интернационалец.



Датум: 29.09.2017, 16:16
Статијата е прочитана 686 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense