| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.11.2017

Полувреме: Вардар не ја виде топката, Сосиедад води (1:0)

Со голот на Хуанми во 31. минута Реал Сосиедад води минимално, но апсолутно заслужено

Вардар на полувреме губи на „Аноета“ со 0:1 на гостувањето кај Реал Сосиедад. Стрелец на голот беше Хуанми во 31. минута кога убаво со глава шутираше кон голот на немоќниот Гачевски.
Четата на Чеде Јаневски игра слабо, плашливо, речиси и да не ја виде топката во првите 45 минути. Поседот на топката од 80%-20%  во корист на домашниот тим кажува многу. Вардар дури имаше и среќа што губи само со 0:1, Сосиедад имаше барем уште три зицери за поголемо водство.

 


 



Датум: 02.11.2017, 21:57
Статијата е прочитана 445 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense