| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.01.2018

Костов: Ќе бараме замена за Гафури

„По трансферот на нашиот најдобар фудбалер во Фљамуртари, секако дека Ренова ќе реагира и ќе се обиде да ангажира квалитетна замена за Гафури“ вели Влатко Костов, стратегот на „гипсарите“

Малку неочекувано но, откако му истече договорот со „гипсарите“, Арѓент Гафури се реши да се пресели во Албанија, во тимот на Фљамуртари.
„Секако дека Ренова без својот најдобар фудбалер нема да биде онаа истата екипа како со него. Токму затоа ние ќе реагираме и ќе се обидеме да ангажираме адекватна и квалитетна замена за Гафури. Ако не најдеме тука во Македонија, тогаш ќе бараме надвор од нашата земја. Овој фудбалер цели 10 години беше член на „гипсарите“, секогаш беше максимално професионален и јас од мое има но и од име на цела Ренова, му посакувам се најубаво во новата средина“ ни изјави Влатко Костов, стратегот на Ренова.

 



Датум: 02.01.2018, 15:01
Статијата е прочитана 1361 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense