| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.06.2017

Македонија игра, „Фуријата“ дава голови, на полувреме 0:3



Преубедливо водство за Шпанија по првите 45 минути на мечот во Гдиња. Може да се каже и незаслужено зошто нашите херои во поле одиграа навистина добро, имаа шанси но сепак „Фуријата“ замина на пауза со водство од 3:0

Македонија играше а Шпанија даваше голови во првото полувреме на мечот во Гдиња. Саул во 10.минута, Асенсио во 16. И Делофеу од пенал во 35.минута се стрелците за „Фуријата“ за преубедливо водство од 3:0. Преубедливо зошто Македонија во првиот дел одигра навистина добро, имаше шанси, имаше игра но сепак на пауза се замина со водство на Шпанија. Штета, можевме да извлечеме многу поповолен резултат ако се знае колку шанси имавме, имаше и недосуден пенал во 13.минута.



Датум: 17.06.2017, 21:37
Статијата е прочитана 1085 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense