| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.08.2017

Две лица за двојна неизвесност

Втората лига почнува поделена на два дела, источен и запден. Шампионите на секој дел обезбедуваат пласман во Првата лига, додека второпласираните играат бараж

Денеска почнува новата сезона во Втората лига. За разлика од минатогодишното првенство, оваа година второлигашите ќе играат во изменет формат на натпреварување. Наместо единствената Втора лига со 10 клубови, како што беше лани, сезонава бројот на екипи што ќе играат во втората по ранг конкуренција е удвоен, односно формирани се две лиги со по 10 екипи.
Таквата разместеност на тимовите повлекува и промена и на начинот на кој ќе се одредуваат новите прволигаши. Лани тоа беа првите две екипи на табелата, а третата играше бараж, додека сега, шампионите во двете лиги, Исток и Запад, обезбедуваат директен плсман во „елитата“, додека двата второпласирани тима ќе играат двоен бараж. Прво ќе се сретнат меѓусебе, а потоа победникот од таа пресметка ќе игра уште еден бараж, но против осмопласираната екипа од Првата лига.

ВРАЌАЊЕ НА ФОРМАТОТ ОД ПРЕД 17 ГОДИНИ
Со воведувањето ваков систем на натпреварување, по пауза од 17 години се враќа форматот во кој се играше Втората лига во минатото. Последната сезона кога Втората лига беше поделена на источен и западен дел беше сезоната 1999 / 2000 кога шампиони на двата дела беа Беласица на Истокот и Шкендија на Западот.
Ваквиот формат Би требало да донесе поголем интерес за второлигашкиот фудбал со оглед на тоа што со проширувањето на лигата второлигашкиот фудбал ќе се врати во градови како Кочани, Македонска Каменица, Радовиш, Валандово, Струга ... каде што љубителите на фудбалот се желни за нешто повеќе од третолигашки регионални натпревари.

БОРЕЦ И ГОСТИВАР ПОЧЕТНИ ФАВОРИТИ
Пред да почната натпреварите во Втората лига, според активноста на трансфер-пазарот и имињата со коишто ги засилија своите редови, две екипи отскокнуваат како главни фаворити за место во елитата. На Западот тое е Гостивар, додека на Истокот велешки Борец.
За потенцијалот на Гостивар доволно е само да се набројат имињата како Александар Игески, Христијан Гроздановски, Филип Деспотовски, Ерсин Фетаи, Славче Велковски, Бобан Мариќ, Башким Љама, кои покажуваат дека во тимот се дојдени фудбалери коишто сите имаат завидно прволигашко исксутво. Тоа е сосема респектабилен ростер, кој ќе треба да ја оправда таа фаворитска улога во однос на ланскиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров, но и двата амбициозни клубови од струшко, Струга Трим-Лум и лабуништа.
Уште поимпресивно звучи составот што летово се собра во Велес. Предводени од нов стабилен спонзор, велешани се засилија со Стојан Димовски, Наум Вељаноски, Дарко Иловски, Трајче Стојковски, Дарко Стојанов, Ѓорги Танушев, Александар Пановски, Антонио Каланоски, Андреј Ацевски... со што направија состав на кој може да му позавидат и некои од прволигашите. А, ако ваквиот тим на Велес успее добро да се вклопи во целина и во целост го исполни својот потенцијал, тогаш на нивните бајголеми ривали, како Беласица или Брегалница, ќе им биде тешко да го следат на патот кон елитата.



Датум: 27.08.2017, 12:52
Статијата е прочитана 1111 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense