| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.01.2017

Ренова се спаси во 92. минута

На денешниот пријателски меч во Тетово, Македонија ЃП на секунди до крајот водеше со 2:1, но Муслиу донесе реми за “гипсарите“ за конечните 2:2


Со гол примен во судиското надополнување екипата на Македонија Ѓорче Петров испушти победа во првиот пријателски натпревар одигран за време на зимскиот подготвителен период. На натпреварот против Ренова, одигран во Тетово, ѓорчепетровци имаа водство од 1:0 на полувремето, но и од 2:1 во 92. минута, но, сепак, не издржаа до крај. Тетовци одиграа убава акција по крило, од каде нафрли Фисник Нухиу, а реализатор на тој центаршут беше стоперот Висар Муслиу, кој со глава го изедначи резултатот.
Ѓорчепетровци поведоа по убавата акција на Михајло Јакимовски и на Кристијан Стојкоски, кој убаво додаде до стрелецот на голот Кристијан Костовски. Во второто полувреме, Ренова изедначи по една длабинска топка од Бурим Садики до новиот напаѓач на Ренова, Филип Петковски, кој убаво прими и биеше неодбранливо во долниот десен агол. Ново водство за Македонија ЃП, донесе Хаџија Дестан на повратно проигрување од Матеј Цветановски, но ни тоа водство не беше доволно за победа, поради голот на Муслиу за конечните 2:2.



Датум: 22.01.2017, 20:49
Статијата е прочитана 2520 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense