| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.03.2017

Ништо страшно со Буба Хасани


Неофицијално првичните докторски прегледи покажале дека повредата на нашиот репрезентативец и капитен на Шкендија не е тешка и дека тој со одредена терапија неделава, ќе може да игра со Лихтенштајн


Добра вест за селекторот Игор Ангеловски но и за тренерот на Шкендија Томас Брдариќ. Имено повредата на коленото, барем така велат нашите неофицијални информации, на Ферхан Хасани не била сериозна, има болки но тие со одредена терапија во текот на оваа недела би требало да се намалат или исчезнат. Првичните докторски прегледи покажале дека нема ништо страшно но и дека ситуацијата наложува максимална внимателност. Дознаваме дека Ферхан Буба Хасани ќе биде во комбинација за дуелот со Лихтенштајн, но и дека утре или задутре тој би можел да почне со тренинзи, се разбира со намален интензитет во првите денови.



Датум: 13.03.2017, 16:23
Статијата е прочитана 2897 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense