| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.07.2017


Супер Вардар, голема победа

Триумф од 1:0 над Копенхаген во првиот натпревар од 3.квалификациско коло во ЛШ. Тоа е тоа што го сакавме, победа без примен гол, сега одиме во Данска каде на Илинден на 2 август, се игра реваншот во Копенхаген


Вардар во ритамот на „самбата“ и со голот на Џонатан Балотели во 65 минута оствари супер победа, голема победа од 1:0 над првакот на Данска. Заслужен, апсолутно заслужена победа на нашиот првак во првиот меч од 3. квалификациско коло. Во спектаклот на Арената „Филип Втори“ каде Вардар имаше голема поддршка од фановите.
Во првиот дел македонскиот првак беше подобар и имаше повеќе шанси за гол, но немаше среќа зошто ударите на Блажевски, Балотели и Фелипе не беа прецизни, па така на полувреме се замина со 0:0.
Вториот дел почна со уште поагресивна игра на нашиот првак. Па одтаму и шансата на Балотели во таа 55. минута кога се најде очи во очи со днаскиот голман но за малку шутираше покрак десниот дирек на гостите, Но затоа се поправи десет минути подоцна кога од 12-13 метри ја „скина“ мрежата на Копенхаген за водство од 1:0 и за делириум на Арената, на радост на фановите, кои знаеја и тоа како да го прослават голот. И тоа не беше се, Којашевиќ во 82. минута имаше зицер но ништо, гостинскиот голман спасува. И Гачевски беше супер во таа 87. минута по шутот со глава на Сантандер. 
И сега одиме на ревашншот во Копенхаген, каде што во среда на 2 август на Илинден ќе бараме резултат кој Вардар ќе го однесе во плејофот во Лигата на Шампионите.



Датум: 25.07.2017, 21:57
Статијата е прочитана 1046 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense