| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.12.2017

Толку и од Биљали во Работнички

Стоперот од Албанија повеќе не е дел од тимот од Градски парк. Тој е шестиот играч кој си заминува од тимот на Работнички.

Амир Биљали си замина од Работнички. Стоперот повеќе не е дел од тимот од Градски парк, односно реши да ја раскине соработката со овој клуб. Пристигна како засилување, имаше минутажа но ете, соработката зимава помеѓу него и Работнички е прекината.
Тој е вкупно шестиот играч кој зимава си заминува од Работнички. Покрај него, тоа се голманот Дамјан Шишковски, еременцот Погосјан, Емир Сахити, Флоријан Кадриу и Томислав Илиев. Од сите овие единствено Илиев засега има пронајдено нов клуб, додека останатите се со слободни документи.

 

 



Датум: 24.12.2017, 13:09
Статијата е прочитана 1909 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense