| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.12.2017

Тиквеш ги исплати долговите кон играчите

Од Кавадарци се пофалија дека новата управа на клубот на чело со претседателот Масларков, смогна сили и ги исплати заостанатите долгови кон играчите. Нов тренер, по Нова година

Екипата на Тиквеш во моментов е во транзиционен период. Имаше смена на раководните структури во клубот, се чека дооформување на новиот ешалон на луѓе кои ќе го водат клубот во иднина, а во меѓувреме, оние кои станаа дел од Тиквеш прават се клубот да продолжи да функционира нормално и да ги обавува обврските кои се нужни во моментов.
Старата управа остави долгови на повеќе страни, а според нашите информации, прва обврска која е подмирена од страна на новиот клуб, е исплатата на заостанатите плати кои им се должеа на фудбалерите за изминатата полусезона во која тимот имаше амбиции за многу повеќе. Сепак, тоа што резултатите не се онакви како што посакуваа во Кавадарци, тоа не е причина играчите да не бидат исплатени и тоа е веќе завршено.
Што се однесува пак до останатите отворени прашања, останува да се пополни тренерското столче на тимот. Се спомнува во изминатот период, Љупчо Димитковски како решение, но ете управата сеуште не се решава да го ангажира и официјално. Според нашите информации, ова прашање ќе се реши по новогодишните празници.



Датум: 27.12.2017, 21:45
Статијата е прочитана 2884 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense