| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.08.2017

Локо Пловдив го „замрзнува“ Јевтоски поради Металург

Металург има финансиски побарувања од бугарскиот тим, со што од тимот од Пловдив размислуваат дури и на раскин на договорот

Проблеми за младиот фудбалер Стефан Јевтоски во Локомотив Пловдив. Учеството на официјални натпревари ќе биде „замрзнато“ се додека не се реши спорот со неговиот некогашен тим Металург, објавуваат медиумите кај нашиот источен сосед. 

Имено, скоптскиот тим бара пред ФИФА трансферна сума „солидарност“ која што му следува на клубот за фудбалерот додека не наполни 23 години.

Бугарската екипа сега ја чека жалбата до ФИФА, а доколку се случи да треба да плати, од тимот се закануваат дека ќе го раскинат договорот со Јевтоски.

Локомотив Пловдив до сега имал вакви проблеми со еден играч со кого го раскинал договорот. Затоа треба спорот да се реши во најбрзо време.

Јевтоски е еден од кандидатите за облекување на дресот на младата селекција на Македонија во следниот квалификациски циклус.



Датум: 10.08.2017, 12:27
Статијата е прочитана 1971 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense