| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.06.2017

Шкендија според Трансфермаркт вреди повеќе од Дачија

Ако се земе в предвид цената на играчите на едната и другата екипа, тогаш тетовци се фаворити во однос на тимот од Молдавија во пресрет на дуелот од квалификациите во ЛЕ

Шкендија лани во квалификациите во ЛЕ стигна до плеј – офот, дали ќе го повтори тој успех годинава ќе се види уште во четврток во Струмица, каде тетовци го играат првиот меч од 1.квалификациско коло во ЛЕ против молдавската Дачија. Според вредноста на Трансфермаркт, Шкендија би требало да биде фаворит зошто вредноста на нашата екипа е 7.500.000 евра, додека онаа на ривалот е 6.500.000 евра. Шкендија во однос на стартниот составот од лани кога минуваше од коло во коло, има само една измена. Го нема Бесир Демири, место него тука е Иван Челиковиќ. Во нападот е засилена со Бесарт Абдурахими, кој ќе биде една од опциите на стратегот Ќатип Османи, се разбира покрај Хасани, Ибраими и Радески. Во одбраната пак ќе има и опција повеќе со ангажманот на Олси Теќа.



Датум: 24.06.2017, 15:53
Статијата е прочитана 3433 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense