| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.05.2017

Ибраими и Хасани си одат од Шкендија!

Ферхан Буба Хасани е пред трансфер во Шпанија, а Бесарт Ибраими, пак, заминува во Дубаи, се споменува и Хата, тимот на Ѓоко Хаџиевски


Ферхан Буба Хасани и Беарт Ибраими речиси 90% си одат од Шкендија и прават трансфери надвор од Македонија. Ударниот тандем на тетовските „црвено-црни“, „бомбардерите“ на Шкендија, така барем велат нашите информации, решени се по секоја цена да си одат од клубот и да ја продолжат својата кариера во некој друг клуб, но не и во Шкендија. Зошто е тоа така, веројатно само тие си знаат, секако и раководството на клубот. Секој си има своја цена, а цената на Хасани и на Ибраими, и тоа сосема заслужено, е висока. Голема е затоа што се едни од петтемина најдобри фудбалери во нашата Прва лига. А нивните примања, неофицијално, заедно се некаде околу 500.000 евра на годишно ниво.

*Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт„.



Датум: 26.05.2017, 10:23
Статијата е прочитана 3372 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense