| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.07.2017

А зошто не Струмица?

Можеби, и Скадар не ѝ се допаѓаше на ФФМ, но никој не реагираше од наша страна. Познато е дека домаќинот одредува каде ќе се игра, но сите мора да ги почитуваат одлуките на УЕФА


Започна ли „специјалната војна“ од страна на Фудбалската федерација на Албанија во пресрет на одигрувањето на квалификацискиот меч меѓу нашата репрезентација и западниот сосед. Иако до 5 септември, за кога е закажан овој натпревар од Г-групата, остануваат уште цели два месеца, челните луѓе на тамошната федерација негодуваат, изјавуваат, протестираат, ѝ се жалат на УЕФА за тоа што ќе се игра во Струмица, а не во Скопје.
Прилична бура донесе текстот на „Македонски спорт“ минатата саботa, во кој ексклузивно најавивме дека и официјално тој натпревар се игра на стадионот „Младост“, а не на “Телеком арената“ во Скопје.


БАДИЈАЛА ПРОТЕСТИТЕ НА ДУКА

И по таa информaција, во која стоеше дека на барање од ФФМ да се игра таму, УЕФА одобрила, веднаш со соопштение се јави Фудбалската федерација на Албанија. По два дена, следуваше и изјава на Арманд Дука, првиот човек на Федерацијата, во која тој, покрај другото, напомена дека Струмица е лошо решение, дека тој стадион не гарантира безбедност и дека тие знаат дека ќе се игра таму, со оглед на тоа што УЕФА навреме ги информирала, но дека тие имаат намера да се жалат на таа нејзина одлука.
Секако дека и во нашата јавност беше бурно, немаше медиум кој не ја пренесе информцијата дека на 5 септември се игра во Струмица. И сите ја чекавме реакцијата на нашата фудбалска федерација. Но оттаму, иако мина точно една недела, молк. Ниту прес- службите ниту, пак, првиот човек на Федерацијата, Илчо Ѓорѓиоски, се јавија да реагираат на изјавите на Дука.



Датум: 08.07.2017, 13:19
Статијата е прочитана 7551 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense