| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

12.06.2017

Пролетството „Шпанија“ трае ли трае


И во седмиот меч со „Фуријата“ нашата најдобра селекција доживеа пораз. Не е доволна само една „бомба“, онаа на Ристовски за да се дојде барем до реми

Ако некој на фудбалски план ни е „крвник“, тоа секако дека е Шпанија, или воопто шпанскиот фудбал. Порази и само порази и на репрезентативен но и на клупски план, единственото реми го имаме на онаа младинска генерација на Пандев кога игравме бараж за ЕП. Но тоа беше одамна. Секако дека Шпанија, што би рекол Стефан Ристовски, е друга димензија, но исто така факт е дека нашите најдобри фудбалери синоќа во првиот дел не беа на своето ниво. Потоа се беше подобро, но сепак не дојдовме до сензација. Малку беше таа „бомба“ на Ристовски за сензација.
Којзнае, можеби денот „Д“ за добар резултат со една селекција на „Фуријата“ е сабота 17 јуни кога на стартот на ЕП за младинци играме со Шпанија.



Датум: 12.06.2017, 11:01
Статијата е прочитана 1391 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense