| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.07.2017

Спировски после сударот со Павловиќ: Супер сум

„Супер се чувствувам, нема никакви последици“, вели играчот од средниот ред на Вардар


Стефан Спировски во првиот дел имаше жесток судар со Андрија Павловиќ. Глава со глава се судрија нашиот репрезентативец и Србинот во редовите на Копенахген, по што мораше во првиот дел да има и преврска на главата.

„Супер се чувствувам. Нема никакви последици иако сударот беше многу незгоден. Се удрвиме глава со глава, имаше и крв. За среќа останавме неповредени и јас и тој“, вели Спировски.

Околу натпреварот, играчот од средниот ред искажа задоволство од победата.

„Победивме минимално, имавме уште неколку шанси и порано да дојдеме во водство, и потоа да дадеме уште еден гол, а на крајот можевме да бидеме казнети. Сепак, најважно е што остваривме триумф, нешто кое го посакувавме, и сега се фокусираме веќе кон реваншот каде што ќе се обидеме да го направиме тој резултат кој што ќе ни донесе пласман во слендата фаза. Се надеваме дека ќе успееме и дека ќе ги израдуваме нашите навивачи кои што вчера беа нашиот 12 играч“, вели Спировски.



Датум: 26.07.2017, 11:14
Статијата е прочитана 1500 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense