| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.10.2017

Босанците уште еднаш подобри

БИХ овојпат не победи со минимални 1:0, за разлика од претходниот меч кога загубивме со 3:0.

Македонската репрезентација до 18. години на чело со селекторот Добринко Илиевски по втор пат во само три дена загуби во Зеница на пријателските мечеви со соодветната селекција на Босна и Херцеговина. За разлика од првиот меч кога загубивме со високи 3:0, овојпат поразот е минимален со 1:0. Домашните обезбедија триумф преку Никола Косаниќ.

БИХ – МАКЕДОНИЈА 1:0
Македонија: Антовски, Перчевски, Симоновски, Османовски, Ферати, Наумчевски, Колевски, Пановски, Денковски, Гроздановски, Бошковски
Играа уште: Сефо, Георгиевски, Додевски, Рамадани, Алексовски

 

 



Датум: 20.10.2017, 11:11
Статијата е прочитана 216 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense