| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.06.2017

Шиков во Ујпешт, Ристевски во Видеотон?



Дефанзивецот на „романтичарите“ би можел да се пресели во тимот на Барди и на Ангелов, додека Кире Ристевски од Вашаш ќе оди во Видеотон

Ванче Шиков, заменик-капитенот на нашата најдобра репрезентација, би можел да направи трансфер во шампионатот на Унгарија, и тоа во тимот на Ујпешт Дожа, каде што сега играат нашите херои Енис Барди и Виктор Ангелов. Овој трансфер би можел да се реализира во август, откако дефанзивецот на Работнички ќе им помогне на „романтичарите“ во нивниот настап во Лигата на Европа.
Вториот репрезентативен стопер, Кире Ристевски, пак, би можел да се пресели од Вашаш во Видеотон. Интересот е голем од тимот од Секешфехервар, но ќе видиме како ќе се одвиваат настаните во врска со овој можен трансфер.



Датум: 17.06.2017, 11:04
Статијата е прочитана 4296 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense