| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.09.2017

Битка под Шара, деби на Гама и Бубања (ЖИВО)

Попладнево се играат четири средби од 8. коло во Првата Лига на Македонија. Дербито се игра во Тетово каде се среќаваат месните ривали Шкендија и Ренова

Денеска од 15:30 часот се играат четири средби од 8. коло во Првата лига, одамна се знае дека мечот меѓу Академија Пандев и Вардар е одложен. Дербито се игра во Тетово каде се среќаваат Шкендија и Ренова, на „Филип Втори“ Горан Станковски ќе го има своето деби на клупата на Работнички против Силекс, додека Славољуб Бубања во Прилеп ќе дебитира како тренер на Победа на мечот против Скопје. И на Чаир Шкупи го дочекува „ранетиот“ Пелистер.
Македонски спорт во живо ќе врши текстуален пренос.

ДВОЈКИ ЗА 8. КОЛО - ДЕНЕСКА, 15:30 Ч
ШКЕНДИЈА - РЕНОВА 2:0
Ибраими 6’ , Хасани 34’
РАБОТНИЧКИ - СИЛЕКС 0:0
ПОБЕДА - СКОПЈЕ 3:2
Гешоски 30’ (п), Наумоски 45’, Цветаноски 49’ - Џукурдиќ 41’, Ристески 56’ (аг)
ШКУПИ - ПЕЛИСТЕР 1:1
Јашаровски 69’ - Пеев 39’

ШКЕНДИЈА - РЕНОВА 2:0
6’ ГОООЛ 1:0 
Убава акција на црвено-црните, Емини му асистира на Ибраими, кој од три-четири метри ја тресе мрежата на Ренова.
34’ ГОООЛ 2:0. Жуниор го проигрува Алими, кој излегува сам пред голот и шутира во статива, на одбиената топка натрчува Хасани за удвојување на водството.

РАБОТНИЧКИ - СИЛЕКС 0:0

ПОБЕДА - СКОПЈЕ 3:1
30’  ГООЛ 1:0 
Пенал за Победа, откако топката удри во рака на еден од гостинските фудбалери. Гешоски од белата точка донесе водство за Победа.
41’ ГОООЛ 1:1 Нафрлена топка пред голот на Победа, продолжена со глава од еден домашен фудбалер, на втората статива Џукурдиќ израмнува.
45’ ГООЛ 2:1  Наумоски нафрлува пред голот на гостите, тука Илиевски со глава ја тресе мрежата на Скопје.
49’ ГОООЛ 3:1 Станиќ нафрлува пред голот на гостите, тука убаво се снаоѓа Цветаноски и зголемува на 3:1.
56’ ГОООЛ 3:2 Автогол на Ристески за намалување на водството на Победа.

ШКУПИ - ПЕЛИСТЕР 0:1
39’ ГОООЛ 0:1
Попзлатанов убаво го проигрува Оливер Пеев кој од седум-осум метри постигнува гол.
69’ ГОООЛ 1:1. Мбела излегува сам пред голманот, шутира, Јовановски ја одбива топката, натрчува Јашаровски и ја сместува во мрежата за израмнување.



Датум: 27.09.2017, 15:00
Статијата е прочитана 649 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense