| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

29.12.2017

Јаховиќ станува најскапиот играч на Гезтепе

Голгетерот доколку прифати нов договор, ќе биде фудбалер со најголеми примања од 750.000 евра годишно

Гезтепе со сите сили се обидува да го задржи Адис Јаховиќ во своите редови. Тимот од Измир за таа цел планира да го направи Македонецот најскап фудбалер на турскиот тим во моментов. Доколку прифати нов договор, Адис Јаховиќ ќе заработува 750.000 евра годишно.

Со тоа Јаховиќ има шанси да стане и во моментов најскапиот фудбалер кој што доаѓа од Македонија.

Деновиве би требало да има разрешница околу Јаховиќ, однсоно дали ќе прави трансфер, или ќе остане во тимот од Измир.

Највисоката сума на наш фудбалер во Турција изнесува 2.5 милиони евра годишно. Таа плата ја имаше Горан Пандев додека беше дел од Галатасарај.



Датум: 29.12.2017, 15:39
Статијата е прочитана 1912 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense