| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.04.2017

(ЖИВО) ВАРДАР „ГАЗИ“ ВО „ЧАИР“


Попладнево се играат четири средби од 28. коло, дербито се игра на Чаир каде Шкупи и Вардар ќе играат пред 5.000 гледачи


КРАЈ НА 28. КОЛО: Шкупи - Вардар 2-0, Силекс - Шкендија 1:1, Пелистер - Победа 1:0, Ренова - Брегалница 4:0, Работнички - Македонија ЃП 1:1.

ШКУПИ - ВАРДАР 0:2 (0:1)

62'  - Гачевски го брани обидот на Бајрами од 25 метри одкосо

54' ГОООЛ - Фелипе од корнер центрира до Барсегјан кој со глава погоди во горниот десен агол

20' ГОООЛ - Откако доби топка во шеснаесетникот Боарето го мина и Зендели и стрела во мрежата на Шкупи за водство на Вардар.

6'-  Фелипе изведе корнер а топката стигна до Попов кој од десетина метри упати удар кој оди над голот

5'  - Барсегјан додаде до Блажевски кој од косо шутира прецизно, Зендели брани во корнер

 

СИЛЕКС - ШКЕНДИЈА 1:1 (0:0)

68’ - Филиповски од 20 метри од слободен удар шутира, Захов со крајни напори спасува.

58’ - Идеална шанса за Баже Тодоровски кој 10 метри не погодува.

48’ ГОООЛ - Прекрасен гол на Жуниор од 18 метри нешто од лево, го погоди горниот лев агол на Митровиќ.

47’ ГОООЛ - Недељковиќ центрира од десно, топката доѓа до Филиповски, кој од 15 метри постигнува гол за водство на Силекс.

24’ - Уште една одлучна шанса за Силекс, уште еднаш Пановски од десно од само 3-4 метри не го погодува голот.

22’ - Пановски избива сам пред голманот на Шкендија Захов и од 10 метри шутира крајно непрецизно.


ПЕЛИСТЕР - ПОБЕДА 1:0 (0:0)

78’ ГОООЛ - Нафрлена топка на втора статива од лево Петров спушта убаво за Иве Трифуновски, кој со својот прв допир со топката му носи водство на Пелистер.

75’ - Голманот спасува чист гол за Пелистер, по ударот на Мартин Ковачев.

65’- Баже Илијоски од шест метри почетнички ја шутира преку гол, иако ја имаше најзрелата шанса за водство.

65’ - Гешовски со удар од далечина за малку ќе го изненадеше домашниот голман.

14 - Ристе Марковски од 25 метри бие крај левиот дирек на Победа.


РЕНОВА - БРЕГАЛНИЦА 4:0 (1:0)

90’ ГОООЛ - 4:0 за Ренова. Нафиу распали по топката од 20 метри и ја испрати во горниот лев агол на голот на Брегалница

84’ ГОООЛ - 3:0 за Ренова. Досуден пенал за старт на голманот на Брегалница Кобетиќ врз Гафури, а сигурем реализатор на најстрогата казна е Валмир Нафиу

65’ ГОООЛ - 2:0 за Ренова. Саимир Фетаи од десната страна испрати топка по земја кон срцето на шеснаесетникот. Филип Петковски не ја зафати, но топката дојде до Велинов кој бише крај голманот Кобетиќ во мрежата на Брегалница

29 - Одлична шанса за Брегалница. Одличен продор на левиот бек Саше Ѓорески, кој со дриблинг се ослободи од својот чувар, излезе сам пред голманот на Ренова Еглант Хаџо, но кога во пад биеше домашниот голман со врвот на копачката некако успеа да одбрани

18’ ГОООЛ - 1:0 за Ренова. Нафрлена топка од десно од капитенот на Ренова Фисник Нухиу, на петерецот Ненад Мишковски со глава ја испшрети топката во мрежата на Брегалница


ВЧЕРА
РАБОТНИЧКИ - МАКЕДОНИЈА ЃП 1:1

Околу 5.000 гледачи на стадионот на Чаир со нетрпение го чекаат стартот на дербито на 28. коло меѓу Шкупи и Вардар, тоа скопската дерби пресметка. Во Битола се игра дербито на „Пелагонија“ во кое се среќаваат Пелистер и Победа. Во Кратово пак Силекс ја дочекува Шкендија а во Тетово екипата на Ренова бара победа над Брегалница. Вчера играа Работнички - Македонија ЃП 1:1.
Вообичено и овојпат ќе вршиме текстуален пренос во живо од сите попладневни натпревари.

 



Датум: 23.04.2017, 15:30
Статијата е прочитана 4355 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense