| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.10.2017

Пешевски со два гола на дебито за Серед


Играчот за врска потпиша договор со словачкиот второлигаш и на првиот меч постигна два гола.

Дејан Пешевски својата кариера ја продолжи во словачкиот второлигаш Серед. По долгата пауза поради повреда на коленото, тој се одлучи да му пристапи на клубот каде што ќе има загарантирана минутажа и каде што ќе може да ја поврати својата стара форма.
„Задоволен сум од тоа како се одвиваа работите. Најпрво успешно се рехабилитирав од повредата, а потоа потпишав договор. Истиот е важечки до зима. Уште на дебито постигнав два гола, едниот од пенал и навистина ми е драго што ете конечно по долго време повторно сум на терен. Се надевам дека проблемите се зад мене и дека сега следуваат подобар период„ - изјави Пешевски за Македонски Спорт.



Датум: 03.10.2017, 14:55
Статијата е прочитана 1694 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense