| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.09.2017

Илија даде два гола па доби црвен картон (видео)

Македонскиот интернационалец даде два гола, а потоа заработи исклучување на мечот со Про Верчели

Македонскиот напаѓач постигна два гола во дуелот со Про Верчели во рамките на 6. коло во Серија Б.  Палермо стигна до триумф од 2:1 и до драгоцени бодови иако на почетокот на мечот имаше негатива. Двата гола беа благодарение на бугарско-македонската комбинација. При првиот гол Чочев го пронајде Несторовски во шеснаесетникот, а овој шутираше во небранетиот агол на противничкиот голман. При вториот гостинските играчи погрешија, топката дојде до Чочев, а овој ја испрати напред до Илија кој со левата нога го погодува противничкиот гол.
Но тоа не беше се од нашиот интернационалец. Во финишот на мечот во период од 13 минути доби два жолти картони поради кои беше испратен во соблекувалната. За среќа неговиот тим ја задржа предноста.
На мечот со Про Верчели играше и Александар Трајковски кој беше заменет во 65 минута од Ембало.


Ilija Nestorovski GOAL - Palermo 1-1 Pro... by taraskorytko1
Ilija Nestorovski Second Goal HD - Palermo 2-1... by meteoalex1
Ilija Nestorovski RED CARD HD - Palermo 2-1 Pro... by taftadarka2016

Датум: 25.09.2017, 22:22
Статијата е прочитана 1895 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense