| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.06.2017

Нова битка, пораз, па аплаузи!

Македонскатѕа репрезентација до 21.година ги заврши настапите на европскиот шампионат во Полска. Предмалку нашите млади фудбалери во третиот меч од групната фаза загубија од Португалија со 2:4, и на тој начин како четвртопласирани ја завршивме групната фаза

Селектрото Милевски на овој меч изведе нешто ослабен тим, поради премор и повреди но тоа не ги спречи нашите млади репрезентативци, оние кои настапија да одиграат уште еден фајтерски меч и да што е вели скапо да си ја продадат кожата. Иако примивме гол уште во првата минута, а потоа во 2:2 преку Брума да губиме и со 0:2, тоа нас не не обесхрабри напротив, стандардно за оваа генерација продокживме да играме и да се бориме. Барди во 40. Минута не враќа во игра со прекрасниот гол од преку двесетина метри, за да во вториот дел по системските замени во нашиот табор да заиграме уште подобро. Кире Маркоски не враќа потполно во игра преку голот за 2:3, а на асистенцијата на Елиф Елмас, по што португалците кои имаа резултатски императив буквално ги фати паника. Сепак, самиот финиш постигнаа и четврти гол, втор на Брума, но и тој не им беше доволен за пласман понатаму. Иако противникот најавуваше голеада, не планираше нашите фудбалери на два пати да ја тресат неговата мрежа и во голема мера да влијаат на неговата судбина на овој шаампионат. Момци секоја чест.



Датум: 23.06.2017, 22:49
Статијата е прочитана 2683 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense