| контакт | маркетинг

29.10.2017

Хамилтон по четврти пат на престолот

Британецот Луис Хамилтон е новиот првак во Формула 1. Тој сега има вкупно четири трофеи во најбрзиот спорт на планетата

Луис Хамилтон стана најуспешниот британски возач на сите времиња откако ја освои четвртата шампионска титула во Формула 1, надминувајќи го легендарниот Џеки Стјуард. Возачот на Мерцедес го освои деветтото место на ГН Мексико, но тоа беше доволно за да се искачи на шампионскиот трон.
Инаку на патеката во Мексико триумфираше Макс Ферстапен во болид на Ред Бул, втор беше Валтери Ботас во Мерцедес, а трет возачот на Ферари Кими Рајконен. И покрај лошиот резултат Хамилтон успеа да ја освои титулата затоа што неговиот главен ривал Себастијан Фетел заврши четврти.
Предноста на новиот шампион  пред последните две трки падна на 56 бодови, но бидејќи се на располагање уште 50, Фетел остана без шанси да го загрози Хамилтон.


Така Хамилтон ја освои третата титула во последните четири сезони, а се погрижи Мерцедес да ја продолжи доминацијата, затоа што минатата година шампион беше Нико Розберг.
Британецот првата титула ја освои во 2008 година, па така со четири се изедначи со Фетел и Ален Прост, а повеќе од нив имаат само Хуан Мануел Фанџо (пет) и Михаел Шумахер (седум).



Датум: 29.10.2017, 23:06
Статијата е прочитана 608 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense