| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.04.2017

Силекс залудно протестира, голот им е чист офсајд (ФОТО)

Во судиското надополнување кратовци постигнаа гол против Вардар, но оправдано беше поништен поради недозволена позиција

Се играше судиското надополнување на натпреварот во Кратово помеѓу Силекс и Вардар кога после една акција кратовскиот тим постигна гол. Меѓутоа нивната радост беше скратена откако првиот помошник Никола Караколев го подигна знаменцето.

Веднаш почнаа протестите на екипата на Силекс. Целиот стручен штаб и сите играчи му се нафрлија на помошникот. Но, фотографијата покажува дека залудни се протестите на домашните со оглед дека играчот кој го постигнува голот е во чиста офсајд позиција, и помошникот правилно постапил при оваа ситуација.



Датум: 17.04.2017, 11:31
Статијата е прочитана 3584 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense