| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.06.2017

Плажиниќ го менува Недељковиќ во Силекс



Кратовци пред ангжаман на нов напаѓач од Србија. Вељко Плажиниќ е висок 190 сантиметри робусен шпиц кој има настапувано во повеќе клубови кај нашиот северен сосед

Откако на најдобриот стрелец на Силекс, Игор Недељковиќ, му заврши договорот со Силекс, приоритет за кратовци летово е наоѓање нов предводник на нападот. Според информации од Кратово, за таа цел раководството на клубот повторно ќе се сврти кон српскиот пазар, пракса која во последно време дава одлични резултати за Силекс. А, изборот за најново засилување е Вељко Плажиниќ, напаѓачот кој во минатата сезона мастапуваше за српскиот нисколигаш Слога Пожега. На крајот на изминатата сезона тој одработи и неколку тренинзи за екипата при што оставил добар вечаток.
Станува збор за 25-годишен корпулентен фудбалер, кој е висок речиси 190 центиметри. Освен на позиција најистурен во нападот, тој може да настапува и на крилните позиции, но и како полушпиц при што ја користи способноста да го даде завршниот пас за гол шанса. Пред да настапува за Слога, тој има настапувано и за екипи како Драгачево, Слобода Чачак и Полет.

 



Датум: 18.06.2017, 15:20
Статијата е прочитана 3482 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense