| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.05.2017

Барди со мајсторија го пензионираше легендарниот Кирали (ВИДЕО)

Нашиот репрезентативец во 86 минута ја затресе мрежата на легендарниот чувар на мрежата за кого ова беше претпоследен натпревар во неговата богата кариера

Енис Барди ја игра најдобрата сезона во својата кариера. Македонскиот репрезентативец со 12 голови во оваа натпреварувачка година се наоѓа на третото место во пласманот на листата настрелците. Вчерашниот погодок против Халадаш вечно ќе го памети. Во 86 минута Барди погоди за победа од 2:1 за неговиот тим, а на голот на противникот стоеше легендарниот Габор Кирали. Неуништливиот унгарски голман кој брани и во петтата деценија од својот живот, го одигра претпоследниот натпревар во својата богата кариера. Тој воедно настапи и за Унгарија на последното Европско првенство во Франција.



Датум: 21.05.2017, 12:57
Статијата е прочитана 3609 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense