| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.07.2017

Јаховиќ во Галата - сарајот!


Нашиот напаѓач и член на Гезтепе е пред можна преселба во Галатасарај. Јаховиќ е една од трансфер- целите ова лето на најголемиот турски клуб

Адис Јаховиќ, напаѓачот на Гезтепе и повремен наш репрезентативец, е пред сензационален трансфер во Галатасарај, во најголемиот клуб во Турција. Гигантот од Босфорот, клуб кој има доста фанови и во Македонија, го посакувал Адис, кој бил една од неговите трансфер-цели. Суперигрите во дресот на Гезтепе од минатата сезона, силните голови, тоа што е втор стрелец во Втората лига и најдобар играч на својот тим, се доволна препорака за големиот Галата не само да се заинтересира за него туку и да го посакува во своите редови. Е тоа го велат нашите информации, на кои мора да им се верува.



Датум: 07.07.2017, 10:44
Статијата е прочитана 6862 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense