| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.07.2017

Турски интерес за Филип Гачевски

Неколку турски екипи се интересираат за голманот на Вардар

После минувањето на Вардар во третото квалфиикациско коло, ќе следуваат многу понуди за играчите за трансфери во добри клубови. Еден од оние кои што ќе биде на „мета“ е голманот Филип Гачевски кој што има одлична сезона позади себе, а супер ја почна и новата во Европа.

За Гачевски веќе има интерес од неколку турски клубови кои што биле да го следат на двомечот со Малме во Лигата на шампионите.

Во минатото тој беше „цел“ на Верона од Италија, како и на полскиот Висла Краков. Гачевски пред два месеци го продолжи договорот со Вардар и во следните три години. Тој засега е прв избор на тренерот Седлоски за голот на Вардар, а натаму го чека првиот настап за селекцијата на Македонија.



Датум: 19.07.2017, 16:14
Статијата е прочитана 5971 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense