| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.09.2017

Дојде денот кој што го чекавме 23 години

Од август 1994 година и првиот евро дуел на некој наш клуб во самостојна Македонија, тогаш Вардар играше со Бекешчаба, го сонувавме овој ден. Некој наш клуб да игра во групна фаза од некое европско натпреварување. И еве тој ден дојде

Дојде денот. Дојде моментот кој што со нетрпение го чекавме ние, но и сите генерации наназад во Вардар, и воопшто во клупскиот фудбал. После толку многу години „патење“ и сонување, оваа сезона „црвено-црните“ обезбедија пласман во групната фаза од Лигата на Европа. Конечно! Сонот се исполни за сите оние кои се надеваа, мечтаеа, и посакуваа. Целата јавност ќе биде насочена кон Националната Арена „Филип Втори“ и кон овој натпревар. Зенит е противникот на Вардар. Славен руски тим, вреден повеќе од 100 милиони.
Од август 1994 година и првиот евро дуел на некој наш клуб во самостојна Македонија, тогаш Вардар играше со Бекешчаба, го сонувавме овој ден. Некој наш клуб да игра во групна фаза од некое европско натпреварување. И еве тој ден дојде. Вардар во 1. коло од Л групата во ЛЕ вечерва на Арената „Филип Втори“ го дочекува Зенит. Овој 14 септември 2017 години засекогаш ќе биде запаметен. Овој 14 септември е историја.

 



Датум: 14.09.2017, 19:13
Статијата е прочитана 362 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense