| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

20.03.2017

РФМ го „пикира“ Гонзалез!?

Шпанецот и челниците на Федерацијата треба да одржат состанок на кој стратегот на Вардар сака од прва рака да се информира за плановите и очекувањата пред да го каже конечниот збор

Стратегот на македонскиот првак Вардар, Раул Гонзалез е прв „пик“ на Ракометната федерација на Македонија во потрагата по нов селектор на машката сениорска репрезентација. РФМ веќе го контактирала Шпанецот на вардаровата клупа и деновиве треба да го имаат првиот состанок. Неофицијалните информации велат дека Гонзалез сака од прва рака да се информира за плановите и очекувањата кои првите луѓе на македонската „куќа на ракометот“ би ги имале од него доколку тој се одлучи да седне на селекторското столче.

* Поопширно во утрешното издание на „Македонски спорт“.



Датум: 20.03.2017, 20:32
Статијата е прочитана 2417 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense