| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.09.2017

Со сите сили во напад на Вардар

Ова е пораката која ја испратија тренерот Каре Ингебритсен и капитенот Мике Јенсен до фановите на Розенборг во пресрет на утрешниот меч. Данецот Бендтнер е неизвесен поради повреда

Во Розенборг не кријат. Утре против Вардар ја очекуваат првата победа во групната фаза од Лигата на Европа. Најпознатиот клуб од Норвешка упати апел до навивачите кои треба да бидат поддршка на клубот од трибините.
„Ќе го нападнеме Вардар со сите сили. Тоа можам да им ветам на нашите навивачи. Ќе сториме се за да стигнеме до победата и трите бода“, најави капитенот Мике Јансен на денешната прес конференција за дуелот со Вардар утре од 19 часот.
Тренерот Каре Ингебритсен е умерен во најавите. Тој вели дека Розенборг со голем респект гледа кон противникот.
„Го елиминираа Фенербахче но и Малме. Тоа кажува се околу квалитетот кој го има Вардар. Опасни се во нападот, имаат неколку повредени играчи но тоа не ни дава за право да ги потцениме“, најави тренерот на Розенборг.
Најавите од Норвешка се дека Роземборг има проблеми со двајца клучни фудбалери кои се жалат на повреди. Станува збор за нивниот најдобар фудбалер и голгетер Никлас Бендтнер и Самуел Адегбенро.



Датум: 27.09.2017, 15:43
Статијата е прочитана 396 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense