| контакт | маркетинг
КОШАРКА

09.11. 2017

Давитков потпиша за Банијас

Селекторот на македонската репрезентација, клупската кариера продолжува да ја гради во Обединетите Арапски Емирати

Актуелниот селектор на македонскиот сениорски национален тим, Јорданчо Давитков, е нов тренер на Банијас, клуб од градот Абу Даби во Обединетите арапски емирати.
„Договорот е на една сезона. Од клубот инсистираа на договор на подолг рок, но јас сакав да биде до јуни 2018. Сезоната почнува на 19 ноември, и после мечот од првото коло, веднаш ноќта тргнувам за Македонија за обврските кон репрезентацијата“ - вели Давитков.
Давитков уште од 2008 е во арапските земји. Прв клуб му беше Ал Кадсија во Кувајт, па работеше во Ал Џахра, истотака во Кувајт, а од 2012 е во ОАЕ. Најпрвин во Ал Васл од Дубаи, па во Ал Шааб од Шарџа, а сега се сели во Абу Даби во редовите на клубот чиј прекар е „небесно-сини“.



Датум: 09.11.2017, 12:38
Статијата е прочитана 635 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense