| контакт | маркетинг
КОШАРКА

09.11.2017

Подготовките на репрезентацијата ќе траат три дена

За гостувањето во Словачка, од стартот на првата фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2021 година, репрезентацијата на Македонија ќе се подготвува само три дена.

Новиот календар на ФИБА кој вклучува играње официјални натпревари среде клупска сезона, им донесе големи проблеми на најмоќните европски репрезентации, бидејќи голем дел од нив нема да сметаат на своите најдобри играчи, кои настапуваат во НБА или во Евролигата.
Натпреварот со Словачка се игра на 23 ноември, во гратчето Попрад. „Црвено-жолтите“ својот прв собир ќе го имаат на 20 ноември, понеделник, а веќе в среда, 22 ноември, ќе треба да заминат на пат за Словачка.
Во изминатите десетина години, репрезентациите не играа во есен и зима, и за многу кошаркари ова ќе биде прво вакво искуство. Ќе ги нема оние базични физички подготовки кои се одвиваат во летниот период, пред официјалните мечеви, и ќе се работи само на тактика. Играчите добро се познаат меѓусебе, но составот ќе биде изменет во однос на оној што во август не успеа да освои прво или второ место во претквалификациите за СП 2019, каде за ривали ги имавме Естонија и Косово. Се најавува приклучување на дел од оние што летоска беа повредени и не можеа да помогнат, но не се знае кој натурализиран ќе биде во составот на селекторот Јорданчо Давитков. Дефинитивниот изглед на тимот ќе се знае на 20 ноември за кога е закажан првиот тренинг во ноемврискиот циклус.
Иако има помалку од две недели до стартот на претквалификациите, на јавноста уште не и е обелоденет составот со кој Македонија ќе се обиде да ги победи своите противници.
После гостувањето кај Словачка, три дена подоцна ќе следува домашен меч со Швајцарија, па и тогаш ќе нема многу време за тренинзи. Во февруари е клучниот меч дома со Словачка, а завршуваме во јуни со гостување во Швајцарија. Прво место во групата ја носи Македонија во следната фаза, во која од 12 тима, најдобрите 8 ќе играат квалификации за ЕП 2021.



Датум: 09.11.2017, 15:29
Статијата е прочитана 596 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense