| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

30.11.2017

ОФИЦИЈАЛНО: Спировски е играчот на годината

*Ова е последната „непозната“ која беше решена по седницата на УО на ФФМ која се одржа во текот на денешниот ден

Стефан Спировски е фудбалерот на годината во Македонија. Ова стана јасно попладнево откако УО на ФФМ ги „завери“ сите носители на награди од „куќата на фудбалот“. За играч на годината имаше отворено гласање на веб страницата на ФФМ каде покрај Спировски во „системот“ беше ставен и тандемот на Шкендија, Ферхан Хасани и Бесарт Ибраими.
Сегашниот фудбалер на Ференцварош ја доби биткапа по успшните настапи за Вардар на домашната и меѓународната сцена. Репрезентативниот играч за врска во август со замина од таборот на „црвено-црните“ по сензацијата над Фенербахче.
Од претходно се знаеше дека Енис Барди е фудбалерот кој ќе го понесе признанието за играч на годината од фудбалерите кои настапуваат во странство. Гоце Седлоски е тренер на годината, Илија Матеничаров од Академија Пандев е фудбалски работник за оваа 2017 година.
Церемонијата на која ќе бидат наградени најдорбите е во недела на 3 октомври во Скопје.

* Превземањето на оваа информација без дозвола од „Македонски спорт“ ќе биде санкционирано според Законот



Датум: 30.11.2017, 15:51
Статијата е прочитана 3292 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense