| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.12.2017

Османи: Избор кој најмногу се почитува

„Кога гласаат колегите тренери и капитените за тебе, тогаш тоа чуство е посебно. Затоа од мое име и од името на Ферхан Хасани им благодарам на сите кои учествуваа во оваа анкета“ вели стратегот на Шкендија кој беше избран за најдобар тренер во анкетата на „Македонски спорт“

Ќатип Османи е тренерот на полусезоната во нашата Прва лига во сезоната 2017/2018. И тоа во традиционалната анкета на „Македонски спорт“, петта по ред. Имено во изборот на кој учествуваа тренерите и каптените на сите наши прволигашки клубови најмногу гласови кај тренерите доби Ќатип Османи, дури 74 поени, речиси двојно повеќе од вториот Жикица Тасевски со 38 поени. Трет беше Панче Стојанов кој доби 25 а на четврто место Чеде Јаневски со само 23 добиени гласови.

Само си ја вршам работата

Инаку Ќатип Османи не крие дека е среќен и задоволен по триумфот во нашата анкета, во нашиот традиционален избор.
„Кога гласаат колегите тренери и капитените за тебе, тогаш тоа чуство е посебно, ми годи тоа. Но искрено да кажам дека јас само си обидувам да си ја вршам својата работа како тренер на Шкендија, најдобро што можам. И кога тој мој напор ќе вроди со плод и тој мој напор и работа го ценат и гласаат за мене моите колеги тренери, тогаш тоа е навистина голема работа. Ова е избор кој најмногу се почитува, кога тренерите и играчите гласаат за тебе, е тоа чуство е посебно како што веќе реков“ вели Османи, стратегот кој во јуни се врати во Шкендија по пауза од пет години.

Благодарност до сите за изборот

Покрај Османи, уште едно признание за Шкендија е изборот на Ферхан Хасани за играч на полусезоната. Буба, капитенот на есенскиот првак собра 58 поени, вториот Фелипе заработи 36 гласови или поени а трет е вториот дел од тандемот „Б-Б“, Бесарт Ибраими, кој заработи 26 поени.
„Сакам да искажам јавна благодарност до сите оние кои учествуваа во оваа анкета, во овој избор. Тоа е од мое име но и од името на капитенот Ферхан Хасани. И мило ми е што наш фудбалер успеа да победи или триумфира во анкетата на „Македонски спорт“.



Датум: 18.12.2017, 18:32
Статијата е прочитана 1432 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense