| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.08.2017

Фенер го победил Вардар ама за Елиф Елмас

Сергеј Самсоненко во мај им дал астрономска понуда за македонски услови на фамилијата на Елиф Елмас за негов трансфер во Вардар

Околу 600.000 евра бил подготвен Сергеј Самсоненко да плати за ангажман на суперталентот Елиф Елмас од Работнички. Сопственикот на Вардар имал неколку средби со таткото на малиот феномен. Понудата била астрономска за наши услови но покасно во приказната се појавува и Фенербахче кој нуди многу повисоки услови кои експресно се прифатени и трансферот од Работнички реализиран во клубот од Истанбул а не кај првакот на Македонија.
Затоа Фенербахче вечерва влегува со победа над Вардар и тоа во битката за Елиф Елмас. Турците знаат дека во „црвено-црните“ зад себе имаат две големи евро победи ова лето над Малме и Копенхаген и затоа се максимално претпазливи во најавите околу искодот од дуелот во Скопје.
Штета што Елиф Елмас нема право за настап вечерва во својот град за својот нов голем клуб - Фенербахче!
Желбата на Серген Самсоненко и сега веќе екс тренерот Гоце Седлоски по секоја цена да се ангажира Елиф Елмас е само доказ до оние „трачари“ кои уште одамна знаеле дека рускиот спонзор ќе си одел од Вардар. Ете во мај понудил 600.000 за големиот талент. Кој ако сака да си оди дава ваква понуда!?

 



Датум: 17.08.2017, 15:01
Статијата е прочитана 5710 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense