| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.09.2017

Пелистер е во криза - без гол 370 минути!

Во фудбалот се бројат головите и бодовите. Битолчани како да заборавија како е да се тресат мрежите. Каде е Баже Илијоски!?

Вардар триумфално си мина низ Битола. Иста слика со години и години... Скопјани на последите 7 гостувања имаат шест победи и едно реми. Фатална бројка за „зелените“ кога станува збор за битките со најголемиот ривал на фудбалските терени. Ете Вардар пак си оди со победа... Пелистер повторно е поразен! Битолчани рушат неславни рекорди. Ете ги веќе 370 минути без постигнат гол. Последниот беше оној на Баже Илијоски во 75. минута при победата од 1:4. Од тој меч настана „пепел“. Ништо не оди како треба. Попладнево имаа шанси „зелените“, но немаа среќа... А го немаа и Баже Илијоски. Нивниот прв стрелец не беше ниту на клупата. Најверојатно е некоја повреда.
Каде е крајот!? Дербито мина, шансите не се бројат... Следниот меч за поправен е оној во среда против Шкупи на „Чаир“. Голови требаат затоа што ривалите заминаа а Пелистер остана на 8. бодови.



Датум: 24.09.2017, 18:13
Статијата е прочитана 756 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense