| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.09.2017

Пандев: Да одиграме како во Скопје, Ангеловски: Сакаме добар резултат


На денешната прес конференција во Хаифа, се појавија капитенот на нашиот национален тим Горан Пандев и селекторот Игор Ангеловски кои ги искажаа своите очекувања од утрешниот меч со Израел

„Мислам дека ако одиграме како во Скопје, ќе имаме добар резултат на крајот. Тоа беше меч во кој што имавме добра игра, но немавме среќа и затоа немаме повеќе бодови на нашето конто. Заслуживме повеќе во овие квалификации, игравме добро тактички, но имаше пад на концентрација во финишот на одредени натпревари и таму ги губевме бодовите. Нема да биде лесно тука, имаме против себе цврст и добар противник“, рече Пандев.
„Имаме тежок противник. Но и нашата екипа поседува квалитет. Стојам зад сите играчи и верувам дека ќе го одработиме она кое ќе го договориме и ќе дадеме се од себе за добар резултат. Сакаме да оствариме добар резултат кој што ќе ни даде мотив во финишот да собереме што е можно повеќе бодови“, изјави Ангеловски.



Датум: 01.09.2017, 17:21
Статијата е прочитана 637 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense