| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.01.2017

Пелистер се пофали со Фернандо Силва дос Сантос

„Само убави работи слушнав за Пелистер, Битола и „чкембарите“.Тука се моите сонародници Лукас и Аугусто, нема да има проблеми за да се адаптирам во тимот на тренерот Наџи Шенсои“ изјави новиот офанзивец на битолските „зелени“ кој вечерва и беше претставен на јавноста

Она што „Македонски спорт“ ексклузивно го објави пред неколку денови, вечерва и се оствари. Фернандо Силва дос Сантос, одличниот офанзивец од Бразил и официјално е нов фудбалер на Пелистер. Тој утринава пристигна на скопскиот аеродром, потоа во Охрид заедно со своите нови соиграчи го одработи и првиот тренинг, за да вечерва и официјално и беше претставен на јавноста како нов член на битолските „зелени“.
„Само убави работи слушнав за Пелистер, Битола и секако „чкембарите“. Тука се моите сонародници Лукас и Аугусто со кои се знам од поодамна и нема да има никакви проблеми за да се адаптирам во тимот на тренерот Неџи Шенсои. Се надевам на добри игри и секако многу голови на радост на сите кои што го сакаат Пелистер“ изјави нивиот фудбалер на Пелистер.
Да кажеме дека Фернандо Силва дос Сантос (25), доаѓа од Монтана, тим од Бугарија а има играно и за Славија Софија но и во Турција, се разбира и Бразил. Јасно е дека Пелистер заврши голема работа ангажирајќи го.

Какво трио во нападот... Баже, Лукас, Фернандо Силва
Со неговиот ангажман раководството на Пелистер во целост го „затвори“ преодниот рок. Успеа да донесе пет одлични и квалитетни играчи. Покрај  Френандо Силва дос Сантос, тука се и Баже Илијоски, Јасмин Мециновиќ, Мартин Блажевски и од Новаци го врати Александар Неданоски. Сега тренерот Шенсои има на располагање тим кој што не би требало да има проблеми да избори пласман во фудбалска Европа, но и да го нападне пехарот во Купот на Македонија. Особено импресионира напаѓачкото трио кое го сочинуваат голгетерите Баже Илијоски – Лукас Гоијано – Фернандо Силва дос Сантос. Да не си им во кожа на противничките одбрани во пролетниот дел.

 



Датум: 14.01.2017, 18:36
Статијата е прочитана 6996 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense