| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.10.2017

Алиоски: Италија е предизвик; Трајковски: Можеме да ги изненадиме

Од македонскиот национален тим со отпимистички изјави пред дуелот со Италија

Од Торино, Италија

Горан Бошев

Вечерва македонскиот национален тим го одржа првиот тренинг во Торино по денешното пристигнување. Пред тренингот Езџјан Алиоски и Александар Трајковски ги искажаа своите очекувања од дуелот во петок.

„Знаеме каква репрезентација е Италија, но за нас е предизвик да одиграме еден добар натпревар. Мислам дека ако одиграме како против Израел и против Албанија, можеме да направиме позитивен резултат. И со Италија на домашен терен одигравме еден добар натпревар, но резултатот на крајот не дојде. Сега се надевам дека ќе одиграме повторно еден добар меч. но овој пат со добар резултат“, вели Алиоски.

Трајковски, пак, истакна дека секогаш за репрезентацијата треба да се даде максимум, без разлика што дуелот нема резултатски императив.

„Не се согласувам со тоа дека треба да влеземе опуштено. На секој натпревар мораме да дадеме максимум за да извадиме добар резултат. Италијанците добро ги познавам, и добро се анализирани од наша страна. Како и секоја селекција имааат слаби страни кои ќе мора да ги искористиме. Мислам дека ако одиграме како што знаеме, можеме да ги изнандиме“, најавува Трајковски.



Датум: 04.10.2017, 19:06
Статијата е прочитана 605 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense